По Доњета Садику, уште двајца косовски боксери, Башким Бајоку и Лорис Идризи обезбедија полуфинале на боксерскиот турнир „Странџа“ во Софија, Бугарија.
Во четвртокот противник на Бајоку во категоријата до 54 килограми беше боксерот Сабирхан Махмуд. Бајоку обезбеди полуфинале без борба, бидејќи боксерот од Казахстан не ја достигна потребната тежина за борба, соопшти Косовската боксерска федерација.
Во меѓувреме, Идризи во категоријата до 71 килограм напредуваше дополнително откако го победи бугарскиот боксер Митев Кристијан.
„Ова се првите медали по повеќе од 40 години од меѓународниот турнир „Странџа“. „Продолжуваме во полуфиналето, на 28 февруари за девојчиња и 1 март за момчиња“, напишаа од Косовската боксерска федерација.
Во средата во категоријата до 86 килограми настапи и Таулант Јакупи, но беше поразен од Бугаринот Болдирев Семион.
Последен пат турнирот „Странџа“ го освои Мехмет Богујевци, кој се закити со златен медал.