Иако некој може да страда од болки во коските или скршени коски, постојат неколку начини да се спречи да се случат овие работи.
Исхраната игра важна улога за коските, исто како и за секој друг дел од телото.
Диететичарот од Универзитетот во Охајо, Антоанета Харди, изјави дека млечните производи се многу добри кога се во прашање коските.
„Храната што содржи калциум е најдобра за коските“, вели Харди за Фокс њуз.
Покрај калциумот, млечните производи содржат и витамин К2, кој исто така е неопходен за коските бидејќи му овозможува на калциумот длабоко да навлезе во нив.
Следната храна се боровинките и другите овошја кои содржат витамин Ц, бидејќи му помага на телото подобро да го апсорбира калциумот.
Витаминот Ц е од суштинско значење за производството на колаген, кој е важен за густината и здравјето на коските бидејќи го спречува нивното кршење.
Третата храна по ред се јаткастите плодови, бидејќи тие се извор на калциум кој не доаѓа од животински производи.
Освен калциум, оревите содржат и магнезиум, минералот кој го регулира нивото на калциум во коските.
Магнезиумот е неопходен за активирање на витаминот Д и К2, кои се одговорни за цврстината на коските“, вели нутриционистот.
Брокулата можеби нема да им се допадне на многумина, но е преполна со хранливи материи кои ги одржуваат коските здрави.
Овој зелен зеленчук содржи калциум, витамин Ц и К, кои се неопходни за поправка коски.