Јапонските истражувачи во средата изјавија дека ниските концентрации на молекулата на озонот може да ги неутрализираат честичките на коронавирусот, давајќи им на болниците нова можност да ги дезинфицираат просториите за тестирање и ходниците, пишува TheJerusalemPost.
Научниците од здравствениот универзитет Фуџита на прес-конференцијата изјавија дека докажале дека озонскиот гас со концентрација од 0.05-0.1, кој не е штетен за луѓето, може да го убие вирусот.
Експериментот користел генератор на озон во затворена средина и примерок од коронавирусот. Ефектот на вирусот беше намален до 90% по 10 часа изложеност на озон.
Озонот е вид на молекула на кислород, познат по неговата употреба против многу патогени, а во претходните експерименти покажа дека при високи концентрации помеѓу 1-6 ppm, бил ефикасен против коронавирусот, но отровен за луѓето.
Универзитетската медицинска болница Фуџита инсталираше генератори на озон во својот објект за да ги намали инфекциите во ходниците и собите за пациенти
-
Нова студија: Миењето на устата може да го убие коронавирусот за 30 секунди
-
Научниците открија антитело што го „неутрализира“ коронавирусот
-
Измислен е филтерот за воздух што го убива коронавирусот
-
Кинески научници претставија нов тест за коронавирус
-
Pfizer: Анти-COVID пилула е ефикасна против Omicron