Репката содржи хранливи материи кои помагаат против воспаленија, го намалува високиот крвен притисок и помага против вишокот килограми, пишува India.com.
Репата го подобрува имунитетот бидејќи содржи значителни количини на витамин Ц, штити од настинка, грип и кашлица. Овој зеленчук делува и против слободните радикали кои се штетни за организмот.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеРепката содржи малку калории, што ја прави идеална храна против вишок килограми и за оние кои сакаат да ослабат. Репата помага и при варењето, што исто така влијае на тежината.
Репката го помага варењето бидејќи содржи влакна, кои го регулираат дигестивниот процес во цревата и спречуваат запек.
Репата помага за здравјето на срцето бидејќи содржи антоцијани и други соединенија кои помагаат во борбата против воспалението и високиот крвен притисок.
Репата го поддржува здравјето на кожата поради антиоксидансите што ги содржи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Овие хранливи материи ја штитат кожата од оштетување и ја намалуваат појавата на флеки.
Една репка содржи околу 0.7 милиграми витамин Ц, што значи дека ги задоволува дневните потреби на организмот.