KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
LIFESTYLE

СЗО го отфрли првиот антивирусен лек ремдесивир: Не го употребувајте

Светската здравствена организација го ажурираше своето тековно упатство за Ковид-19, советувајќи да не се користи антивирусен лек Ремдесивир за лекување на хоспитализирани пациенти, без разлика колку е тешка нивната болест.

Според промените, објавени во медицинското списание BMJ, сегашните докази не сугерираат, меѓу другото, дека ремесивир ја намалува смртноста од Ковид-19 или потребата за механичка вентилација.

Соопштението доаѓа околу еден месец откако Gilead Sciences, производителот на remdesivir, објави дека американската Администрација за храна и лекови (FDA) го одобрила remdesivir за итен третман на инфекција со коронавирус. Овој лек стана првиот лек за коронавирус кој доби одобрение од ФДА.