KOHA.net

LIFESTYLE

Хранлива материја која се бори против слабеењето на коските и анксиозноста

Здрава храна

Стареењето може да биде тежок процес за нашето тело, но не мора да биде постојана борба се додека ги имаме соодветните хранливи материи во нашата исхрана.

Важен фактор е добивањето на вистинскиот вид на протеин, поконкретно на вистинскиот вид на аминокиселини кои се „градежни блокови“ на протеините.

Лизинот е клучната аминокиселина за здрави коски и кожа.

Може дури и да ја намали анксиозноста! Бидејќи аминокиселините се градбени блокови на протеините, тие се исклучително важни за телото и се потребни за различни телесни функции.

Има вкупно 20 аминокиселини кои му се потребни на телото, некои се произведуваат во телото, а други ги добиваме преку храната.

Лизинот создава колагенски протеин, кој и дава структура на кожата и коските, со што ги спречува брчките и фрактурите на коските.

Истражувањата покажуваат дека лизинот ја зголемува способноста на нашето тело да го апсорбира калциумот преку цревата, правејќи ги коските посилни.

Тој дури и делува како врзувачки агенс за кожата, помагајќи во брзо зараснување на раните и промовирајќи обновување на клетките на кожата.

Она што е уште поизненадувачко е што лизинот може да ги намали симптомите на анксиозност со намалување на ефектите од стресот врз телото!

Студијата, цитирана од AgroWeb.org, покажа дека потрошувачката на лизин е поврзана со подобрени резултати на анксиозност и намалени нивоа на кортизол, хормонот на стрес, кај жените.

Други истражувања покажаа дека консумирањето 2.4 грама лизин дневно значително го намалува кортизолот и анксиозноста предизвикана од стрес!

Храна која содржи повеќе лизин е говедско, јагнешко, пилешко, авокадо, лосос, бакалар, грав.

Но, ако сакате да добиете повеќе лизин, можете да го најдете во форма на додаток. Секогаш претходно консултирајте се со вашиот лекар./Agroweb