Голем број луѓе се соочуваат со проблемот на хемороиди, а тоа во повеќето случаи се должи на нездравата храна и малку физички вежби.
Во напис од „Медициненет“ се препорачува луѓето со овој проблем да не седат долго.
Долготрајното седење може да поттикне чешање и да ја зголеми болката.
Исто така, ако останете во една положба со часови, тие може да се влошат.
Избегнувајте брза храна.
Тие можат да бидат причина за хемороиди и не само. Намирниците на скара и оние кои се подготвуваат за неколку минути немаат многу влакна и не се течни и во тој случај тоа може да влијае на влошувањето.
Значи, се препорачува да се јаде храна со влакна и да се пие многу вода.
Намалете го стресот. Стресот е една од причините кои влијаат на појавата на хемороидите. Смирете се, занимавајте се со физички активности и не стресувајте.