Бидејќи случаите на дијабетес се зголемуваат уште на рана возраст, здравствените работници препорачуваат да се преземат некои чекори во секојдневната рутина по навршувањето на 30-тата година од животот, со цел да се намалат шансите за добивање на оваа болест, пишува India.com.
Вежбањето и пешачењето се првите совети кои треба да ги следите на патот кон подобрување на целокупното здравје. А кога станува збор за дијабетес, долго седење не е препорачливо.
Вториот совет е да консумирате повеќе овошје за да го збогатите организмот со витамин Ц.
Третиот совет е да изгубите тежина. Прекумерната тежина го зголемува ризикот од дијабетес тип 2. Како што телото старее, одржувањето на здрава тежина е многу важно.
Четвртиот совет е вежбите како јога и пилатес да ги направите рутински, бидејќи таквите вежби го регулираат метаболизмот.
Петтиот совет е да консумирате многу грав и други растенија од семејството на мешунките, бидејќи тие се богати со растителни влакна, протеини и други хранливи материи кои помагаат гликозата да остане на вистинското ниво.
исто така
Тивки симптоми на дијабетес
Шестиот совет е да консумирате зеленчук кој содржи и растителни влакна. Покрај тоа што го помагаат варењето, влакната му помагаат на телото да апсорбира повеќе хранливи материи од храната и подолго да се чувствувате сити.
Седми совет е да консумирате здрави масти. Јаткастите плодови и семките содржат здрави масти и се препорачуваат да се јадат секојдневно. Маслиновото масло исто така се препорачува да се користи наместо други масла.