KOHA.net

LIFESTYLE

Четирите пијалоци кои помагаат за зајакнување на имунитетот

Како што продолжува сезоната на грип, лекарите препорачаа некои пијалоци кои се подготвуваат дома за зајакнување на имунитетот.

Една од нив е кокосовата вода, која е моќен навлажнувач и му помага на телото подобро да ја вари храната. Се препорачува да се користи пред утрински вежби бидејќи помага за зголемување на енергијата.

Напитоците со витамин Ц се добри и против вируси и воспаленија. Напитокот приготвен дома со лимон, портокал и друго овошје што содржи витамин Ц е добар, бидејќи содржи и минерали и други антиоксиданси неопходни против инфекции.

Друг моќен пијалок е чајот со цимет и мед. Покрај тоа што помага за зголемување на имунитетот, овој напиток помага и против вишокот холестерол како и вишокот килограми.

Чајот од ѓумбир е добар и за имунитетот и, како чајот со цимет и мед, го регулира нивото на маснотии во крвта и помага во регулирањето на високиот крвен притисок.