KOHA.net

LIFESTYLE

Опасноста од вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи се користат во прехранбената индустрија за засладување на различни производи.

Но, лекарите ги советуваат луѓето дека треба да знаат колку се опасни овие адитиви и дека се поопасни од шеќерот.

Според извештајот на „клиниката Кливленд“, аспартамот е еден од засладувачите кој се смета за доста опасен и го има во многу производи како што се овошните сокови, газираните пијалоци, јогуртот без маснотии и многу пакувани десерти.
Според нив, оваа состојка е опасна и освен што предизвикува дебелина и дијабетес, може да предизвика и предвремени менструални циклуси кај девојчињата, психички стрес, депресија, аутизам кај бебињата кои се во утробата на мајките кои консумираат производи со аспартам.

Вештачките засладувачи можеби имаат помалку калории, но носат многу грижи за различни здравствени проблеми.

Кога овие засладувачи ќе се споредат со шеќер, излегува дека шеќерот е подобар од нив. Но, експертите покажуваат дека самиот шеќер е доста штетен за здравјето.

„Навистина, генерално, слатките работи се опасни. Но, кога ќе ги споредиме, вештачките засладувачи се многу поопасни од шеќерот“, вели д-р Мелиса Јанг.

Вештачките засладувачи се соединенија дизајнирани да имаат вкус на шеќер, но имаат помалку калории.

Една средна лажица шеќер има 16 калории, додека истото количество на многу од овие засладувачи има само 3 калории.
Исто така Јанг покажа дека постојат многу видови на слатки алкохоли кои индустријата ги користи за засладување на храната. Дел од нив се ксилитол, еритритол, сорбитол и малитол, кои се штетни за здравјето.
Кога овие слатки алкохоли влегуваат во телото, тие се ферментираат од бактерии во дебелото црево. Ова потоа предизвикува гасови, кои предизвикуваат надуеност, болка и дијареа. Во овој случај, еритритолот може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Освен што создаваат зависност, вештачките засладувачи предизвикуваат и други проблеми во организмот како што се дебелина, висок крвен притисок и дијабетес тип 2.