KOHA.net

LIFESTYLE

7 намирници кои содржат повеќе протеини од едно јајце

Додека едно јајце содржи 6.3 грама протеини, има многу други намирници кои се богати со протеини.

Ракчињата се првите што се наведени како добар извор на протеини, пренесува EatingWell.
85 грама ракчиња содржат 20 грама протеини.

Рибите исто така се преполни со протеини.
Мал конзервиран лосос содржи приближно 18 грама протеини. Освен со протеини, рибата е богата со здрави омега-3 масни киселини и е добар извор на калциум и витамин Д.

Урдата е уште една храна која содржи протеини. Секоја половина чаша урда содржи 12 грама протеини.

Гравот е следната храна која содржи протеини и влакна.
Половина чаша буранија содржи 9 грама протеини.

Бадемите се сметаат за многу добри за здравјето и исто така се добар извор на протеини.
35 бадеми содржат 9 грама протеини. Овие јаткасти плодови се исто така богати со витамин Е и калциум.

Ферментираното млеко, познато како кефир, е пијалок кој има вкус на јогурт и исто така е добар извор на протеини.
Една чаша кефир содржи 9 грама протеини. Кефирот е исто така добар извор на калциум, фосфор и витамин Д.

Друга храна која содржи протеини е павлаката.
170 грама цеден јогурт содржи 15 грама протеини, а содржи и калциум и пробиотици.