KOHA.net

Љубопитност

Полицијата бара од чешките нудисти да носат маски

Носењето маски не е задолжително насекаде, но строгите правила за нивно носење се задолжителни во Чешка, особено за нудистите, пишува CNN.

Европските земји почнаа да ги релаксираат правилата наметнати поради коронавирусот, но полицијата притоа им порачува на луѓето дека е во ред да стојат голи на места каде што е дозволено, но мора да ја стават маската на устата, пренесува КОХА.

За жал, голем дел од граѓаните кои беа на плажата беа собрани во големи групи, а дел од нив не носеа маски“, се вели во соопштението на полицијата. „По пристигнувањето на полицијата, сите се согласија да ја почитуваат владината регулатива дека штитниците за лице се задолжителни надвор од куќата.

Понатаму, полицијата додава дека „на одредени локации на граѓаните им е дозволено да бидат голи, но сепак мора да ја покријат устата и да се соберат во одреден број“.

Полициска патрола открила дека на место каде се собрале околу 150 луѓе, само половина од нив ставиле маски.