Авиокомпанијата „Визер“ објави листа на европски плажи на кои има помалку гужви. Овие дестинации се идеални доколку сакате мирно да уживате во крајот на летото.
Плажата во Драч го зазеде првото место.
„Визер“ анализираше повеќе од 50 европски земји и нивните најпопуларни плажи, објави британскиот Метро.
Составувањето на оваа листа вклучуваше мерење на плажата, делење на површината со големината на пешкирот, а потоа делење со просечниот број на посетители дневно за да се утврди колку простор секоја плажа може да понуди на еден посетител.
Плажата во Драч, долга околу 10.5 километри, доби оценка 64.5, победувајќи ги познатите места во Франција, Португалија, Шпанија.
Целосна листа на најтивките европски плажи:
Плажа Драч – 64.5
Плажа во Источен Сасекс, Британија – 61.1
Плажа во Брач, Хрватска – 54.1
Плажа во Борш, Албанија – 43
Плажа во Раматуел, Франција – 33.8
Плажа во Алгарве, Португалија – 24.3
Плажа во Будва, Црна Гора – 20