KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Љубопитност

Во Италија се служи најскапата пица на светот

Најскапата пица на светот чини повеќе од 10 илјади евра, а се произведува во Италија.

Пицата се вика „Луј XIII“, а рецептот е модифициран од готвачот Ренато Виола. Може да го нарачаат одбрани гости во приморскиот град Салерно.

Дијаметарот на пицата е 20 сантиметри и се подготвува од специјални состојки. Тестото се прави со органско брашно од Арабика и се посипува со розова сол на реката Мареј. За да се направи оваа пица потребни се 72 часа.

На пицата се додаваат три вида кавијар: Oscietra Royal Prestige, Caspia Oscietra Royal Classic од иранскиот брег и Caspia Beluga. Исто така седум видови сирење.

„Најскапите состојки се јастозите кои се прекриени со коњак Луј XIII, кој вообичаено е тешко да се најде на пазарот“, рече Виола.

„Луј XIII“ се служи со шампањ Krug Clos du Mesnil и ракија Carta Real Sanches Romate Finos. / кликнете

 

Слични статии