Една од најмалите риби во светот, колку широчината на ноктот на возрасен човек, може да емитува звук како истрел од пиштол, велат научниците, пишува The Guardian.
Данионела, риба од околу 12 мм пронајдена во потоци на Бурма, произведува звуци кои надминуваат 140 децибели, според студијата објавена во списанието PNAS, што е еквивалентно на сирена за брза помош.
Механизмот за производство на звук на рибата, која го има најмалиот мозок од кој било 'рбетник, беше мистерија бидејќи механизмите на мускулите поврзани со пливачкиот мочен меур не дадоа сигурно објаснување за потеклото на звукот.
Научниците од Универзитетот Шарит во Берлин открија дека рибата има уникатен систем за производство на звук.
„Разбирањето на оваа извонредна адаптација го проширува нашето знаење за движењето на животните и ја нагласува извонредната разновидност на погонските механизми низ видовите, придонесувајќи за нашето пошироко разбирање на еволутивната биологија и биомеханиката“, се вели во трудот.
Тимот научници користел видео со голема брзина за да го истражи механизмот на производство на звук.