Полицијата била повикана во домот на една жена од Флорида кога таа планирала да влезе во базенот да се разлади кога видела нешто необично.
Во базенот во нејзиниот двор пливал крокодил.
Канцеларијата на шерифот на округот Пинелас преку објава на Фејсбук соопшти дека една жена се подготвувала да плива во својот базен кога видела „нешто необично“.
„Овде на Флорида, пред да влезете во базенот треба да проверите дали во него има крокодили. Такво нешто е дел од животот овде“, се вели во објавата на Фејсбук.
Одговорниот тим отиде и го извади крокодилот од базенот и рече дека го однеле во „безбедна зона“.
Слични статии