KOHA.net

Љубопитност

Најголемиот средновековен гроб во Европа некогаш откриен во Германија

Археолозите во јужна Германија открија скелети на 1000 жртви на чума, пронаоѓајќи ја можеби најголемата масовна гробница некогаш ископана во Европа, пишува CNN.

Јами за чума во кои има останки на најмалку 1000 жртви се откриени во јужна Германија. Заедно, јамите може да го формираат најголемиот гроб некогаш откриен во Европа, велат археолозите.

Ископувањата, кои беа извршени пред градежните работи во градот Нирнберг, открија осум јами, секоја исполнета со стотици скелети на возрасни, деца и доенчиња кои датираат од крајот на 15 и почетокот на 17 век.

Археолозите во две јами пронајдоа и грнчарски парчиња и сребрени монети. Парчињата керамика, според археолозите, се совпаѓаат со избувнувањето на чумата што се случила помеѓу 1622 и 1634 година, додека монетите датираат од околу 1619 година, се вели во соопштението објавено од компанијата за археолошки ископувања In Terra Veritas.

„Вакво откритие никогаш досега не се случило и, искрено, никој не мислеше дека е можно. Локалитетот е од големо значење за градот Нирнберг“, велат од одделот за наследство во Нирнберг.

Нирнберг претрпе серија епидемии на чума помеѓу 1533 и 1634 година кои заедно ги однесоа животите на приближно 30 луѓе, се вели во соопштението. Додека телата се натрупувале, властите наредиле да бидат погребани во масовни гробници пред дворовите на црквите во градот.

Луѓето закопани според средновековната христијанска традиција биле погребувани со главата на запад и со нозете на исток „за да го видат Христос како доаѓа од исток“.

Досега, само три од осумте јами се целосно истражени и се брои бројот на загинати во нив. Една од јамите содржела 280 тела, велат археолозите, иако нашле докази дека некои можеби биле отстранети и преместени. Во друга јама беа пронајдени 150 тела, но дури и оваа бројка можеби не е точна поради експлозија на бомба од Втората светска војна која наводно разнела некои од скелетите во 1943 година.

Археолозите извлекоа до 1.000 тела од земјата, но очекуваат тој број да надмине 1.500 во наредните недели, бидејќи ископувањата продолжуваат.

Сликата