KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Љубопитност

Во Египет казна од три долари за неносење маска

Египет воведе ново правило, казнувајќи ги лицата кои не носат маска на јавни места со парична казна од три долари, додека случаите на коронавирус продолжуваат да се зголемуваат, пишува Ројтерс.

„По воведувањето на казната, луѓето дефинитивно ќе бидат подисциплинирани. Сите фатени на улица, автобус, ќе бидат казнети за неносење маски. Дури и ако не се загрижени за себе, треба да бидат загрижени за другите. Тоа е важна одлука“, рече граѓанинот Мохамед Абдел }ахаб.

Казната ќе биде 50 египетски фунти или 3.19 долари.