На неодамнешните локални избори во една општина во Хрватска се случи невиден феномен. Единствениот кандидат кој се кандидираше беше избран за член на општинското собрание, и тоа со само еден глас. Тој единствен глас беше гласот што кандидатот си го даде самиот.
Милорад Михановиќ, од ромска националност, се кандидираше за место во Општинското собрание на општина Мурско Средишке. Според хрватските медиуми, тој претходно ги повикал своите сонародници да ги бојкотираат изборите. На крајот, само 4 од 270 регистрирани гласачи гласале. Но, 3 гласачки ливчиња биле неважечки. Гласот на Михановиќ, кој гласал за себе, го одлучил исходот.
Овие гласања беа организирани откако мајските избори не успеаја да обезбедат соодветна застапеност на националните малцинства во Општинското собрание на оваа изборна единица.
Хрватската изборна комисија соопшти дека ова е посебен случај, досега невиден, не знаат дали се случило некаде во светот, но дека сè изгледа дека е законско и во согласност со Изборниот закон.
Милорад Михановиќ изјави дека како победник на овие избори, ќе биде посветен на образованието на своите сонародници и создавањето работни места.
Подготвено од: АП