Топењето на глечерите ширум светот се забрза во изминатата деценија, велат научниците, предупредувајќи дека во наредните години би можело да биде побрзо од претходно очекуваното и да го подигне нивото на морето.
Тим научници откри значително зголемување на топењето во текот на изминатата деценија, со околу 36 отсто повеќе изгубени мразови помеѓу 2012-2023 година отколку во 2000-2011 година.
Во просек, околу 273 милијарди тони мраз се топат годишно, велат тие. Глечерите забрзано се топат поради порастот на температурите, напиша „Индекс“.
Научниците предупредија на последиците од топењето на глечерите, бидејќи тие се вториот најголем придонес за подигнувањето на нивото на морето. Зголемувањето на нивото на морето кое се припишува на топењето на глечерите од 2000 година значи дека речиси 4 милиони луѓе ширум светот ќе бидат погодени од поплави, според научниците.