Поранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер на 29 јули 1958 година го потпиша законот за основање на Американската вселенска агенција НАСА.
Оваа нова цивилна агенција ја замени Националната советодавна комисија за аеронаутика, која беше формирана 47 години порано.
НАСА би се занимавала со американските вселенски програми, од кои голем дел раководел Министерството за одбрана, според kp.
Наскоро НАСА започна со планирање на проект за испраќање мисија со екипаж на Месечината.
Претседателот Ајзенхауер го потпиша законот за создавање на НАСА осум месеци откако светот дозна дека Советскиот Сојуз го лансирал сателитот „Спутник Еден“.
Слични статии
-
61 година од создавањето на НАСА
-
НАСА ќе лансира астронаути од САД до ISS за прв пат од 2011 година
-
НАСА ја лансира првата мисија со екипаж на Месечината по половина век
-
НАСА испраќа астронаути на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години
-
Боинг лансираше астронаути на НАСА во вселената за прв пат по години