KOHA.net

Љубопитност

Албанците меѓу најниските во Европа

Мажите Албанци се меѓу најниските во Европа, покажуваат податоците објавени од „NCD-RisC“, мрежа на здравствени експерти ширум светот.

Европејците, и мажи и жени, се меѓу највисоките народи во светот. На картата што ја објави оваа мрежа, Албанците се на дното на листата. Просечната висина на мажите Албанци е 174.1 сантиметар. Полошо е само Кипар, со просек од 172.7 сантиметри.

Според овие податоци, Холанѓаните се највисоки во Европа, но и во светот. Просечната висина на холандските мажи е 183.8 сантиметри. По нив, на второ место се Црногорците со просечна должина од 183.3 сантиметри и Естонците со 182.8 сантиметри.

На листата од 20 земји со највисоки мажи, 19 се од Европа. Доминика е единствената земја на оваа листа која не е во Европа.

Сликата