KOHA.net

Љубопитност

Најпопуларните дестинации пребарувани на „Гугл“

Врз основа на истражувањето на компанијата „Bounce“ е направена листа на најпопуларни дестинации во светот. Листата ги прикажува земјите каде што се очекува да биде најмногу патување во 2024 година.

„Баунс“ анализираше се што имало на пребарувачот „Гугл“ во последните три месеци за да ги пронајде најпосакуваните дестинации оваа година. За да биде истражувањето поцелосно, тие ги споредија овие дестинации со најпосетуваните земји во претходните години за да предвидат кои земји ќе бидат најпосетувани во 2024 година.

Турција е на прво место, Исланд на второ и Грција на трето место. Хрватска е на петтото место.

Од градовите, најпопуларен е Амстердам.

Меѓу растечките дестинации, Албанија е на врвот на листата.