KOHA.net

Љубопитност

8-годишно дете пишува историја, го победи шаховскиот велемајстор

Осумгодишно чудо од шах од Сингапур стана најмладиот шахист кој победил велемајстор.

По тричасовна партија шах во Швајцарија, Ашват Каушик го победи 37-годишниот Полјак Јацек Стопа.

„Многу е возбудливо и неверојатно што успеав да го победам велемајсторот и се чувствувам горд на себе“, изјави Каушик, пренесе Гардијан.

Според „Chess.com“, во светскиот шаховски натпревар во последно време е зголемен бројот на деца кои постигнуваат исклучителни резултати.

Ешват ги освои првите три натпревари со Стопа, но загуби во натпреварот против британскиот играч Хари Грив, кој го освои Британскиот шампионат во шах во 2022 година.