KOHA.net

ВЕЧЕРНИ ВЕСТИ

Затворени се шест единици на Поштенската штедилница, кои нелегално работат на Косово

По извештаите од институциите за финансиски мониторинг, косовската полиција во понеделникот презеде акција за затворање на шест единици на Поштенската штедилница на северот. Додека акцијата ја следеа ЕУЛЕКС и КФОР, некои српски граѓани извршија симболична акција за да кажат дека оваа ситуација за нив е неподнослива. Акцијата беше преземена неколку дена по неизнаоѓањето решение за имплементација на Регулативата за ЦБК на север

Во понеделникот, косовската полиција затвори шест единици на Поштенската штедилница на северот, кои незаконски работат од повоениот период. Според заменик-полицискиот командир за север, акцијата се случила по сомнежи дека некои бизниси вршат незаконски активности.

„Сомничена е секоја можна криминална активност, од нерегистрирање на бизнисот, даночно затајување и други работи. Полицијата е присутна на овие точки со ТАК и дека подоцна може да биде вклучена и единицата за економски криминал“, рече заменик директорот на полицијата на север, Ветон Елшани. 

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека затворањето на овие единици е дел од мерките за воспоставување ред и мир на северот. 

„Со цел утврдување законитост, по комуникација и барање на надлежните институции и овластување на обвинителот, косовската полиција во соработка со Даночната управа на Косово, во четирите општини на северот на Косово, денеска ја спроведе операцијата на контрола и затворање на 6 единици на т.н.

Акцијата на косовската полиција ја следеле припадници на ЕУЛЕКС и КФОР.
Во меѓувреме, некои српски граѓани заедно со функционери на опозициската партија „Српска демократија“ извршија симболична акција со фрлање брашно, јајца и други прехранбени производи пред возилото на полицијата паркирано пред зградата на банката.

„Ќе бидеме принудени да ги повлечеме плаќањата во динари во Рашка и други места во Србија. Неодамна тука беа донесени помали количини динари, но сега сакаат сето тоа да го земат. Ова го доведува во прашање опстанокот на Србите на Косово“, изјави Стефан Вељковиќ од Српска демократија.

Во меѓувреме, директорот на таканаречената Канцеларија за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, акцијата ја поврза со неприклучувањето на Косово во Советот на Европа. 

„По лична наредба на Албин Курти, во 15:15 часот полицијата изврши рација во сите експозитури на Поштенската штедилница и на Секторот за трезор во четирите општини на северот на Косово. Курти чекаше да помине дијалогот и откако го доживеа неуспехот на нечленството на Косово во Советот на Европа, презеде ново еднострано движење со цел да поттикне немири и хаос“, оцени Петковиќ. 

Реагираше и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

Преку Штедилницата платите, исплатите за социјалните шеми и другите бенефиции што Србија им ги дели на косовските Срби се делат во динари.

Акцијата беше преземена неколку дена откако пропадна седмата средба во Брисел за изнаоѓање решение за динарот кај српската заедница. 

Според регулативата на ЦБК, која беше одобрена во февруари годинава, валута во која може да се плаќа во готовина е само еврото.