KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
KULTURA

Почина актерот Берт Рејнолдс

Актерот Берт Рејнолдс почина на 82-годишна возраст од срцев удар.

TMZ јавува дека тој починал утрово во болница во Флорида, пренесува Koha.net.

По срцевиот удар бил испратен во болница, а покрај него во последните моменти од животот било неговото семејство.

Рејнолдс неколку години имаше проблеми со срцето, додека во 2010 година беше опериран.

Тој е познат по неговите филмски и телевизиски настапи, особено по Smokey and the Bandit, Boogie Nights и The Cannonball Run.

Рејнолдс беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за неговата улога на Џек Хорнер во Буги ноќи во 1997 година. Таа година ја освои наградата Златен глобус.

Слични статии