KOHA.net

KULTURA

Џек Култер – уметникот кој слика музика

„Свеќа на ветрот (Елтон Џон)“, Џек Култер, 2022 година

„Свеќа на ветрот (Елтон Џон)“, Џек Култер, 2022 година

Уметникот Џек Култер има синестезија, невролошка состојба која предизвикува сензорни пресеци, како што е „вкусот“ на боите. Фарел Вилијамс, Џони Мичел, Жан Сибелиус и Винсент ван Гог имаат или имале синестезија „Сè во мојата глава е боја“, објаснува тој. „Ако сум на улица или каде било, сите звуци ги поврзувам со бојата. Ако сум престимулиран, ќе видам многу поинтензивни бои и ќе видам пулсирања“.

Најраното сеќавање на уметникот Џек Култер е како седел на софата во куќата каде што пораснал во Белфаст и со затворени очи внимателно го слушал звукот на неговото срце.

„Не се сеќавам многу од тоа како дете. Но, се сеќавам на ова“, вели тој. „Во собата беше толку тивко што моите уши можеа да го слушаат само отчукувањето на срцето. Обично кога ги затворам очите се е темно, но можев да видам бои. Ги отворив очите и боите сè уште беа таму додека блеснаа пред мене – светло жолто-портокалова, потоа кругови во боја, како небесни тела. Се започна со чукањето на моето срце“.

Култер има синестезија, невролошка состојба која предизвикува сензорни пресеци, како што се „вкусот“ на боите. Фарел Вилијамс, Џони Мичел, Жан Сибелиус и Винсент ван Гог имаат или имале синестезија. 

Во случајот со уметникот од Ирска, тој ги „гледа“ звуците. Уште од детството боите што ги гледа и емоциите што ги чувствува од слушањето песна или компонирањето ги преведува во прекрасни апстрактни слики.

„Сè во мојата глава е во боја“, објаснува тој. „Ако сум на улица или каде било, сите звуци ги поврзувам со бојата. Ако сум престимулиран, ќе гледам многу поинтензивни бои и ќе видам блесоци. Ова е секојдневие. Но, кога сликам, многу јасно ги гледам боите“.

Врската на Култер со музиката стана двонасочна улица. Пол Макартни ја опишува како „возбудлив и енергичен талент“ (Култер ја насликал песната на Битлси „Yesterday“). Елтон Џон, кој во неговата куќа виси делото на уметникот на песната „Candle in the Wind“, изјави дека на магичен начин го носи влијанието на музиката врз визуелната уметност, на ново креативно и блескаво ниво. Били Ајлиш и Пост Мелоун исто така поседуваат негови слики.

Синестезијата можеби изгледа како подарок, но за Култер тоа е меч со две острици. 

„Ме плашеше кога бев млад. Мислев дека е таков животот, но потоа сфатив дека за повеќето луѓе не е така. Колку повеќе дознав за оваа состојба, толку помагично ми се чинеше. Толку многу луѓе имаат синестезија во креативните уметности. Но, отсекогаш сум имал проблеми со мигрена и понекогаш тоа ми влијае на сонот. Не можам да направам некои нормални работи - одењето во кино е лудо искуство за мене. Новите звуци и новите песни можат да ми предизвикаат преоптоварување на сетилата и мигрена“.

Ништо не се споредува 2 U (Sinéad O'Connor), Џек Култер, 2022 година

Култер бил запознаен со уметноста уште на рана возраст. Неговата тетка Кристин била сликарка. Тој израснал со нејзините дела висат во неговиот семеен дом. Така тој развил љубов кон апстрактните експресионисти Полок, Ротко, Де Кунинг и импресионистичките и постимпресионистички сликари како Ван Гог, Моне, Матис, како и кон уметноста и музиката на Курт Кобејн од групата „Нирвана“.

Култер, благ и бавно говорен човек, вели дека бил срамежлив, колеблив и емотивен како дете и тинејџер, а таков останува и денес. 

„Музиката и сликарството ме спасија. Секогаш чувствував дека има нешто што ми треба, дури и кога бев многу млад. Секој ден слушам музика со часови. Уметноста и музиката отсекогаш ми биле пријатели“.
Во неговото студио во западен Лондон, тој работи брзо и вели дека не се откажува од едно парче додека не го заврши.

„Прво сакам да го насликам „чувството“. Многу ја чувствувам музиката и уметноста. Сакам ова да се изрази во моите дела“. 

Платната лежат преку земја. Ретко користи четка за бојадисување – ако ја користи, ја користи „погрешната“ страна од неа, дрвениот врв. Наместо тоа, тој претпочита да користи предмети што ги наоѓа наоколу, вклучително и задниот дел од куќиштата за ЦД. Покрај бојата, тој експериментирал и со пијалоци, како вотка, виски и кока-кола.

Неговите слики се инспирирани од широк спектар на уметници како Дејвид Боуви, Мајлс Дејвис, Вивалди, Ејми Вајнхаус, Ханс Цимер. Има и поп ѕвезди како Хари Стајлс или ирскиот бенд „The Corrs“. Уметникот е горд обожавател и на Тејлор Свифт.

„Го сакам рок бендот „The Clash“ и ја сакам Тејлор Свифт. Мислам дека многу луѓе се такви, едноставно не сакаат да го признаат тоа. Неодамна ја видов Тејлор Свифт на концерт на „Вембли“. Тоа беше неверојатно искуство“.

Култер, исто така, пишува песни и музика. Свиреше на виолина, пијано и гитара кога беше помлад, а подоцна почна да снима амбиентални звуци на својот лаптоп. Има идеја за албум, иако нема дефинитивни планови за него. 

„Во годините што доаѓаат, веројатно ќе се вратам и ќе почнам да ги сликам сопствените партитури“, вели тој.
Објавувањето на книгата беше добра прилика да се размисли за огромниот обем на работа што тој ја продуцираше и фактот дека музичарите чии песни го инспирираа сега се негови обожаватели. 

„Навистина е смешно да се размислува за тоа. Секогаш сум толку фокусиран и зафатен што понекогаш не размислувам за некои работи што се случиле. Но, можеби кога ќе имам 60 години, ќе правам нешто вообичаено, како туширање и во тие моменти се ќе ми падне на ум и ќе почнам да врескам од радост“, вели истакнатиот ирски уметник.