Проблемите на албанскиот политички затвореник, кому му е тешко да живее со минатото, ќе се појават во дебитантскиот филм на режисерката Арзана Краја.
„Поле со дрозд“ сега е подготвено за првпат да биде претставено пред публиката во Приштина, ја пренесува емисијата Експрес на КТВ.
Овој филмски проект, кој е копродукција меѓу Косово, Албанија и Англија, според режисерот Краја, прикажува лик кој не наоѓа мир во ниту една земја.
Режисерката Краја откри детали за содржината на нејзиниот филм.
Главните улоги на овој филм ги толкуваат актерите: Шкумбин Истрефи, Астрит Кабаши, Насер Бека, Мели Ќена, Шенгил Исмајли, Ирена Чахани и други.
„Фуша е Мелењаве“ ќе ја има националната премиера на 16 јули, на единаесеттото издание на филмскиот фестивал „ПриФест“, а во меѓувреме се уште не е утврдено каде ќе биде светската премиера.