68-годишниот актер Џеј Бенедикт, кој ја толкуваше улогата на Рас Џорден во филмот „Alien“ од 1986 година, почина од компликации од СОВИД-19.
Неговите менаџери ја потврдија веста.
Во изјавата за медиумите тие напишаа: „Со длабока тага ве известуваме дека Џеј Бенедикт почина на 4 април, од компликации предизвикани од коронавирусот“.
Покрај улогата во филмот „Alien“, Бенедикт е забележан и по краткото појавување во хит филмот од 2012 година „The Dark Knight Rises“, пренесува Коха.
Неговите последни филмови, „Madame“ и „Hostile“, беа објавени во 2017 година.
исто така
Откриена причината за смртта на Вал Килмер, на виделина излегуваат нови детали
Покрај проектите на англиски јазик, Бенедикт глуми и во француски и шпански филмови.
Џеј Бенедикт го остави сопругата Фиби Шолфилд, двата сина Леополд и Фреди и неговата ќерка од претходната врска.