KOHA.net

KULTURA

Четири филмови за четворицата членови на „Битлси“

Познатиот британски режисер и сценарист Сем Мендес предупреди дека до 2027 година ќе сними и објави четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој член на најпопуларната група во историјата на музиката. Мендес - кој доби Оскар за режија на Американската убавина во 1999 година, режираше два од најпознатите филмови на Џејмс Бонд, како и серија блокбастери како 1917 и Револуционерен пат - рече дека четири филма ќе бидат реализирани и поврзани во „иновативен и револуционерен“ начин. Тој прецизираше дека за секој член ќе направи приказна и заедно ќе излезат во 2027 година, додека филмовите ќе се поврзуваат еден со друг со приказните од перспектива на секој член.

Проектот доби одобрение од Пол Макартни и Ринго Стар, како и од семејствата на покојните членови Џон Ленон и Џорџ Харисон. Ова е првпат тие како носител на правата, издавачката куќа „Епл“ да дозволат уметничко сценарио и правата на музиката за филм кој не е документарен, туку е заснован на сценарио. Имињата на сценаристот и уметниците се уште не се објавени во јавноста.