Косовската полиција уапси три лица во регионот на Приштина под сомнение за шверц на дрога во акција под кодно име „Колонија“.
Според соопштението на полицијата, по првичните увиди околу 17:30 часот на кружниот тек во Фуше-Косово, во автомобил со локални регистарски таблички било сопрено лице со иницијали Д.Е. После тоа, полицијата упаднала во неговиот стан и нашла докази или материјални докази, пакувања со марихуана, кокаин, екстази и дигитални ваги.
После тоа, полицијата упаднала во станот на второпријавениот со иницијали Ш.О.. Пронашла марихуана и 200 евра во кеш.
Акцијата е финализирана со приведување на третопријавениот со иницијали Б.И и одземање на возило со локални регистарски таблички со кое тој бил осомничен дека пренесува наркотични материи.
На сите тројца им е одредена мерка притвор од 48 часа.
Полицијата соопшти дека во соработка со Основното обвинителство во Приштина спроведува и други истраги.
„Косовската полиција останува посветена на спречување и борба против негативните појави во нашата земја, а особено се применуваат и ќе се применуваат строги законски мерки за осомничените лица инволвирани во злоупотреба и продажба на сомнителни наркотични супстанции-дроги воопшто. Ги охрабруваме сите граѓани кои имаат релевантни информации максимално да соработуваат со косовската полиција во спречување на вакви случаи и заедно да создадеме побезбедна средина за сите, особено за нашата младина“, апелира полицијата во соопштението.