Косовската полиција уапси двајца осомничени за полесна телесна повреда. Според полицискиот извештај, тие со нож нападнале две лица, од кои едното државјанин на Албанија.
Инцидентот се случил во понеделникот во населбата „Дарданија“ во Приштина.
Се вели дека на жртвите им била укажана лекарска помош.
„Известено е дека се уапсени двајца осомничени машки лица Косовци откако со остар нож ги нападнале двете жртви, еден Косовец и еден државјанин на Албанија. На повредените му била укажана лекарска помош. Со решение на обвинителството, двајцата осомничени по извршениот разговор се приведени“, се вели во извештајот на полицијата.
Слични статии