Едно лице е повредено во вторникот во Приштина. Ова го потврдија и од косовската полиција.
„Денеска околу 13 часот и 40 минути полицијата добила информација за прострелна рана која се случила на улицата „Хаџи Зека“ во Приштина. Веднаш по добиената информација, полицијата излегла на местото на инцидентот и ги презела сите потребни дејствија кои се состојат во расветлување на околностите кои го карактеризираат инцидентот“, изјави портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети.
Таа рече дека според првичните податоци се сомнева дека повредата е предизвикана од огнено оружје.
Ахмети рече дека осомничените во овој случај се идентификувани и се работи на нивно апсење.
Полициските истражители во координација со обвинителството преземаат истражни дејствија за приведување на осомничените (идентификувани) лица како и целосно расчистување на случајот“, нагласи Ахмети.