Едно лице е повредено во средата вечерта на улицата „Реџеп Красниќи“ во Приштина.
Тој е пренесен во УЧКК и е надвор од животна опасност. Полицијата идентификуваше осомничен во случајот, а продолжува истрагата за расветлување на околностите.
„Околу 21 часот на улицата „Реџеп Красниќи“ во Приштина се пријавени истрели од огнено оружје. Првичните информации говорат дека едно лице е повредено, надвор од животна опасност и е укажано на неопходна лекарска помош во УЦКК“, соопштија од полицијата.
А, од Итната помош соопштија дека се извршени потребните прегледи и повредениот ќе продолжи со лекување на Клиниката за ортопедија.