Косовската царина соопшти дека спречила внесување на значително количество шверцувани цигари на меѓународниот аеродром во Приштина.
Во соопштението на Царината се наведува дека при оваа акција „идентификувани и приведени се лица инволвирани во оваа незаконска дејност, избегнувајќи финансиска загуба“.
Во соопштението Царината ги повика граѓаните секоја сомнителна активност да ја пријават во Царината и во други институции.