Еден мигрант го загуби животот, а 13 се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капи-Неготина на југот на Северна Македонија.
Четворица од повредените се во тешка состојба и се препратени во државната болница во Скопје.
Несреќата се случила кога возилото со мигранти се судрило со транспортно возило кое се движело во ист правец и по судирот се запалило. Мигрантите се од Пакистан и Бангладеш на возраст меѓу 22 и 25 години.
Движењето на илегалните мигранти ги вознемири раководителите на институциите кои презедоа мерки за нивно спречување. Македонската полиција во четвртокот во комбе во близина на границата со Србија фатила 45 мигранти од Авганистан и Сирија. Според полицијата, тие се осомничени дека илегално влегле од Грција, а последната дестинација им била некоја од земјите на Европската унија.
Полицијата ги уапсила и возачите на возилото поради сомнение дека шверцуваат луѓе. Само во првата половина од годинава во Северна Македонија од Грција влегле околу 10 илегални мигранти.