Маж од Призрен пријавил во косовската полиција дека се оштетени гробовите на двајца членови на неговото семејство.
Инцидентот наводно се случил на 1 март.
Пријавениот Косовец на 06.03.2025 година пријавил дека му биле оштетени два гроба на членовите на неговото семејство“, се вели во 24-часовниот полициски извештај.
Се наведува дека на местото на настанот пристигнале полициски единици, додека за случајот се наведува дека бил информиран и консултиран обвинителот.