Полицијата соопшти дека во петокот вечерта во Призрен дошла до тепачка меѓу четири лица. Еден од осомничените пукал со пиштол.
„На жртвите им била укажана лекарска помош. Полициските единици излегле на местото на настанот каде што биле пронајдени и одземени две чаури чаури од огнено оружје. Во врска со случајот биле претресени куќите на осомничените, но не било пронајдено ништо сомнително. Случајот продолжува да се истражува“, се наведува во полицискиот извештај.
Исто така, во саботата имало тепање во Вучитри, додека во Северна Митровица едно лице било уапсено откако нападнало полицаец.
Во Липјан жена случајно испукала од пиштол и полесно се повредила. Оружјето е одземено и отворен е случај за поседување оружје без дозвола.