Жена во Липјан во петокот пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот син.
Косовската полиција соопшти дека со странките е извршен разговор и по наредба на обвинител се ослободени во редовна постапка.
„Липјан 26.07.2024 - 17:40 часот. Жртвата Косовка пријавила дека по семејна расправија била физички нападната од нејзиниот син, осомничениот маж Косовец. Во случајот бил вклучен и сопругот на жртвата. Со странките е извршен разговор и по наредба на обвинител се ослободени“, се вели во извештајот на Полицијата.