Во Косово во последните 24 часа се пријавени четири случаи на семејно насилство.
Според соопштението на полицијата во Ѓаковица, жена е уапсена откако со нож ја нападнала својата мајка. пријавено е дека жртвата се здобила со полесни повреди, но не и била укажана лекарска помош. Осомничениот бил спречен од полицијата и приведен.
И во Подјуева, еден маж беше уапсен и откако вербално се закануваше, а потоа физички ја напаѓаше својата мајка. Осомничениот е приведен.
Во Сухарека уапсен е маж кој во пијана состојба вербално им се заканил на сопругата и децата и ги натерал да ја напуштат куќата. Полициските единици при претрес во куќата на пријавениот пронајдоа и одзедоа огнено оружје АК-47 и 82 чаури, а по наредба на обвинителот пријавениот е приведен.
Во Приштина осомничен физички ја нападнал својата сестра. На жртвата му била укажана потребната лекарска помош. Во врска со случајот консултиран е и државниот обвинител кој препорача по разговорот осомничениот да биде пуштен на слобода и предметот да се постапи во редовна постапка.