Лице во Исток кое беше прогласено за исчезнато на 17 август минатата година е пронајдено мртво на 7 март, објави Полицијата во 24-часовниот извештај.
Како што е соопштено, сите надлежни екипи пристигнале на местото на настанот, а телото е испратено на обдукција.
„Истог/ 17.08.2025 – 07:00 часот. На 07.03.2026 година, од семејството на жртвата е пријавено дека тој е пронајден без знаци на живот. Сите надлежни полициски единици и екипата на ИМЛ пристигнале на местото на настанот и, по одлука на обвинителот, го подигнале телото на обдукција“, се наведува во соопштението.