Косовската полиција ја истражува смртта на маж во селото Шилово во Гњилане.
Според 24-часовниот извештај на косовската полиција, тој бил пронајден откако сведоци пријавиле дека три дена не го виделе како излегува од куќата.
„Полицијата беше известена од очевидците дека Косовец веќе три дена не е забележан да ја напушти куќата. Со одлука на обвинител насилно била отворена вратата од куќата во која била пронајдена жртвата без знаци на живот. Смртта на жртвата била констатирана од медицинска екипа на местото на настанот. Покрај полициските единици, на местото на инцидентот излегле и обвинителот и екипа од пожарникари кои помогнале во извлекување на телото по распаѓањето“, се наведува во соопштението.
Со одлука на обвинител телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Се наведува дека случајот е под истрага.