Шест лица се здобиле со телесни повреди како последица на сообраќајна несреќа што во вторникот во раните утрински часови се случила на улицата „Дешмори е Комбит“ во главниот град.
Како што соопшти косовската полиција, во несреќата учествувале два автомобили.
„Денеска околу 04:00 часот добивме информација дека на улицата „Дешмори е комби“ во Приштина се случила сообраќајна незгода. Во оваа несреќа учествувале две возила. Од незгодата со телесни повреди се здобиле шест лица. Единицата за патен сообраќај се занимава со случајот“, се вели во одговорот на косовската полиција.
Како последица на несреќата, центарот на главниот град изутрината беше затворен за сообраќај.
ВИДЕО: