Семеен инцидент се случил во петокот вечерта во Истог, каде брачна двојка по несогласување физички се пресметала.
Според извештајот на косовската полиција, од конфликтот со телесни повреди се здобиле и мажот и жената.
По интервенција на надлежните, обајцата се сослушани во обвинителството, а потоа пуштени во редовна постапка.
Случајот го истражуваат надлежните органи за расветлување на околностите на инцидентот.