Косовската полиција во петокот на граничниот премин Мердар уапсила Русинка поради поткуп.
На полицаецот на граница му понудила 50 евра за да и дозволи да влезе без виза.
„Осомничена Русинка, државјанка на Русија, е уапсена, откако понудила мито од 50 евра на полициски службеник за да и овозможи влез во Република Косово без виза. Со решение на обвинител осомничениот е приведен“, се наведува во извештајот на КП.