Едно лице е уапсено за сторено кривично дело „Насилство врз високи претставници на Република Косово“.
Тој е осомничен дека се заканувал со убиство на премиерот на Косово.
По наредба на Специјалното обвинителство во четвртокот е уапсен осомничениот со иницијали Н.С.
„Специјалното обвинителство соопштува дека осомничениот Н.С., упатувал закани за насилство и убиство кон премиерот на Република Косово, откако на социјалната мрежа Фејсбук објави објава со инкриминирачка содржина, како и за време на директниот пренос на емисијата ДЕБАТ ПЛУС, од 30 август 2023 година, ја повтори истата изјава. Со решение на Специјалното обвинителство му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“, се наведува во соопштението.