Маж е осомничен за полов напад врз малолетно девојче во Пеќ.
Осомничениот со решение на обвинител е одреден во притвор во траење од 48 часа.
Информацијата за Тајм ја потврдија и од Обвинителството на Пеќ.
„На осомничениот по наредба на државен обвинител му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. За овој случај ќе бидат преземени сите законски мерки“, соопшти обвинителството.
„Малолетната жртва Косовка по извршениот преглед е пуштена на слобода. Со решение на обвинителството осомничениот е приведен“, соопштија од полицијата.