Властите во Холандија уапсија 43-годишен маж во вторникот под сомнение дека им помагал на Албанците илегално да влезат во Велика Британија, пишува „nltimes.nl“.
Холандскиот државјанин е осомничен дека им помагал на албанските имигранти тајно да влезат во камионите, додека камионџиите не биле свесни за тоа, како што соопштија од органите на редот на Холандија. Камионите биле наменети за Британија.
Осомничениот, кој живее во провинцијата Зуид-Холанд, беше уапсен во вторникот попладне под обвинение за трговија со луѓе. Marechaussee е жандармерија на Холандија, која врши и воени и цивилни полициски должности.
Од Marechaussee изјавија дека во камионите биле создадени простори за да се сокријат албанските имигранти, кога камионите биле паркирани на различни места покрај холандскиот автопат.
Тој им кажал на имигрантите кои камиони се отворени и им помогнал да се сокријат во контејнери.
Истрагата е во тек и властите рекоа дека најверојатно има повеќе апсења.