Одделот за економски криминал при генералната дирекција на полицијата во Албанија, изврши контрола во околу 30 естетски центри во Тирана, за шверцувана стока.
Полициските единици извршија контрола по одлуката на Судот во Тирана, објави во вторникот „ТЧ“.
Како што е соопштено, проверките се за шверцуван ботокс и според извори, пронајдено е значително количество шверцувана стока.
Засега нема налог за апсење од Обвинителството на Тирана. /Tch