Косовската полиција соопшти дека го уапсила осомничениот за сообраќајната несреќа со мотоцикл што се случи во саботата во пеќското село Штупеќ, при што едно лице загина.
Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничениот го управувал моторциклот во моментот на несреќата, додека првично изјавил дека возачот бил жртвата.
„Првично, според изјавата на повредениот, возачот бил жртва на незгодата, по спроведена истрага од страна на истражителите во Пеќ, на 04.08.2024 година, при разговорот било констатирано дека возачот е повредениот, сега осомничен за оваа несреќа“, се наведува во соопштението.
По извршениот разговор од страна на истражителите, осомничениот по наредба на државниот обвинител е одреден во притвор во траење од 48 часа.
Според полицијата, во оваа незгода учествувал мотоцикл (4 тркала), во кој имало две (2) лица.